Бизнис
31. May 2020 - 20:01

Следната недела ќе биде познат списокот на лица кои ќе добијат ваучери за летување дома

До крајот на идната недела ќе биде објавена листата на корисници на ваучери за туризам. Министерот за економија информираше дека секој вработен, чии вкупни приходи во првите четири месеци годинава не надминале 60.000 денари, ќе добие ваучер од 100 евра за одмор во земјава. Дополнително ќе добие и платежна картичка со вредност од 3.000 денари за купување домашни производи или плаќање услуги. Управата за јавни приходи по електронска пошта ќе ги информира и ќе им го испрати ваучерот на граѓаните кои ги исполнуваат условите.

Министерството за економија во рок од 15 дена ќе изготви интернет платформа www.domasiedoma.gov.mk , каде ќе биде објавена листата на сите сместувачки капацитети, како и нивните понуди за ноќевање со или без вклучен оброк.

Ваучери ќе добијат околу 100.000 граѓани и ќе може да се искористат во периодот од 15 јули до 15 декември. Целта на оваа мерка е да им се помогне на дел од граѓаните, но со тоа да се поттикне и домашниот туризам за време на вонредната состојба.