Македонија
25. јуни 2022 - 11:54

Скопјани со „пасат“ излетале од пат во Битола

Вчера во 13.59 часот на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Кире Костадиновски“ во Битола, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Скопје излетало надвор од коловозот.

- Во несреќата Р.С.(31) од Скопје, сопатник во возилото, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Битола, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Битола.