Македонија
6. јуни 2023 - 16:57

Скопјанец пријавил дека бил натепан од обезбедување во здравствена установа во Кисела Вода

На 05.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавил дека во здравствена установа на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од М.А.(28) и М.К.(41), двајцата од Скопје, вработени како обезбедување во установата. 
 
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.