Сѐ уште без договор за буџетот на ЕУ, самитот продолжува денеска
Дваесет и седумте членки на ЕУ не постигнаа компромис за европската буџетска рамка 2021-2027, претседателот на Европскиот Совет до рано изутринава водеше билатерални консултации со европските лидери. Самитот продолжува денеска од десет часот.
Европската Унија мора итно да постигне договор за распределбата на буџетските средства за наредните седум години. ЕУ мора да најде начин да надомести за напуштањето на Британците во момент кога се соочува со повеќе предизвици како миграцијата, проширувањето, и климатската криза.
Повеќето лидери не се обратија пред медиумите по овој прв ден од самитот. Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека има впечаток дека преокупациите на нејзината земја не биле земени в предвид и порача дека не е уверена дека ќе биде можно да се постигне компромис на овој самит.
Португалскиот премиер претходно нагласи дека е подготвен да остане во Брисел до крајот на викендот но дека мора да се најде излез од ќор-сокакот.
Позициите на земјите членки се дијаметрално спротивставени и до овој момент се чини дека не е возможно да се приближат.
Од другата страна посиромашните земји на Унијата, главно источните и јужните, стравуваат дека намалувањето на буџетот ќе се одрази во голем дел врз фондовите за кохезија кои се наменети за најсиромашните региони. Овој табор е поддржан од Франција која се плаши од намалување на буџетот за земјоделството.
Емануел Макрон кусо по самитот порача дека намалувањето на земјоделските фондови е неприфатливо во период кога ЕУ се стреми кон реформа на прехранбениот систем за да ги постигне целите на Зелениот пакт за намалување на емисиите на стакленички гасови. Земјоделството е одговорно за 11 отсто од штетните емисии во ЕУ.
Преговорите продолжуваат во десет часот и не е исклучено да траат до крајот на викендот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација