Loading Video...
Свет
18. September 2021 - 16:42

Сѐ поголем број земји во Европа ги заоструваат мерките поради зголемениот број заразени од Ковид-19

Сѐ поголем број земји во Европа ги заоструваат мерките поради зголемениот број заразени од Ковид-19 и притисокот врз болниците.

Од денеска Грција воведува полициски час во четири региони низ земјата, од 1 до  6 часот наутро, и забрана за музика во угостителските објекти и баровите во текот на целиот ден.

По цели 18 месеци Грција од 1 октомври ги отвора и универзитетите, но влез ќе им биде дозволен само на професорите и студентите со сертификат за вакцинација или прележан вирус во последните 6 месеци. Сите останати ќе мора да се тестираат два пати неделно на сопствен трошок.

Веќе пет дена во Грција  се применуваат и мерките според кои сите работници во приватниот и јавниот сектор, кои немаат потврда за вакцинација или сертификат за закрепнување од ковид,  треба да се тестираат еднаш неделно.

Без доказ за примена вакцина или прележан вирус на работа не можрат да одат ниту вработените во јавниот и приватниот сектор во Италија и Словенија, двете земји кои донесоа најстроги мерки. Сертификат за вакцинација за влез во институции, затворени простории, барови и за присуство на концерти е задолжителен речиси во сите европски држави.

Американската агенција за храна и лекови, препорача употреба на третата доза на ковид вакцина на „Фајзер“ за лицата над 65 години и за групите од висок ризик.

Бајден веќе потврди дека оваа одлука ќе почне да се применува од следната недела.

Американските експерти кои ја поддржуваат оваа идеа, презентираат податоци според кои после 4 месеци ефикасноста на вакцината Фајзер се намалува од 96 на 84%. Од компанијата тврдат дека трета доза ја враќа ефикасноста на 95%, и помага и против делта сојот кој во моментов е најраспространет во светски рамки.

Франција ги повлече своите амбасадори од САД и Австралија на консултации. Острата реакција на Макрон следи откако  Австралија постигна договор со САД и Велика Британија, за набавка на американски подморници со нуклеарен погон и ја откажа набавка на подморници од Франција вредна 40 милијарди долари.

Францускиот шег на дипломатијата овој чекор на Австралија го оцени како Забивање на нож во грб.  Соединетите држави пак изразија жалење поради одлуката на Париз. официјален Вашингтон соопшти дека и следните денови ќе се направат напори за решавање на разликите меѓу двете земји.

Претходно, САД, Австралија и Велика Британија објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Индо-пацифичкиот регион