Балкан
30. September 2022 - 16:41

Сител во живо од Софија: Дали Македонија беше главна предизборна тема во Бугарија?

В недела ќе биде четвртиот обид  во година и половина Бугарија да добие стабилна влада. Изборната кампања завршува вечерва, но во нејзе Македонија не беше ниту споровозна тема. Ја немаше во медиумискот интерс, ја немаше во агендите на партиите. Но, искуството покажува дека многу малку е потребно за таа да се врати во политичкиот дискурс.

Политичките аналитичари сметаат дека францускиот предлог и светската економска и безбедносна криза се главните фактори кои изместиле оваа тема, но за помирни македонско-бугарски односи се уште е рано да се зборува.

Распоредот на силите и по денешните последни анкети останува ист. Бојко Борисов е ваворит за победа, но тоа и не значи можност за стабилна полтичка влада.