Македонија
10. April 2020 - 14:18

Сите притвореници и вработени во истражниот затвор во Шуто Оризари се тестираат на Ковид-19

Со фрлање на пластични чинии и одбивање на храна притворениците во затворот Скопје во Шуто Оризари синојка го искажале својот револт и паника поради појавата на коронавирусот во затворот, јавува порталот Тетова  кој објави и видео од настанот.

Реакцијата на затворениците следува откако вчера министерот за здравство Венко Филипче објави починат од затворот во Шутка бил позиутивен на КОВИД 19.

Директорот Есад Рахиќ во телефонски разговор со Сител вели дека ситуацијата сега е мирна и брзо била ставена под контрола. Тврди дека се запазени сите протоколи за заштита од ширење на вирусот.

Во меѓувреме, од министерството за здравство информираа дека во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и се земени брисови од 30 притвореници и вработени.

Дополнително, екипи за дезинфекција, но и од Инстиутутот за јавно здравје денеска се пристуни во затворот Шутка за нови тестирања.

Затвореникот кој почина со коронавирус, како што информираше Филипче, бил донесен во затворот во Шутка на 8 март, немал никакви симптоми, а во средата вечер починал од срцев удар. Постмртно му бил земен брис кој покажал дека е позитивен на Ковид 19.

Затворениците од повеќе затвори низ државата поради ширењето на коронавирусот и условите во затворите во повеќе наврати бараа да бидат времено пуштени дома.