Свет
27. August 2016 - 21:32

Сириската војска презеде контрола врз предградието Дараја

Сириските безбедносни сили денеска ја презедоа контролата врз Дараја, предградие на Дамаск, откако бунтовници и цивили биле евакуирани по четири годишна опсада од сириските сили.

- Сириската војска целосно ја презеде Дараја и влезе во населбата. Таму нема ниту еден вооружен човек, истакна воен извор.

Пред два дена бунтовниците и сириската војска постигнаа договор за евакуација на сите жители и борци од Дараја, чиј број, како што тврдел еден од бунтовничките лидери, изнесува повеќе од 5.000 лица.