Loading Video...
Бизнис
23. January 2020 - 18:15

Синидкатот во администрацијата стравува од партиска чистка во процесот на трансфер на административци

Партиска чистка или функционална реорганизација на администрацијата? Синдикатот на администрација и државна управа со отворено писмо до министерот најавува радикализација на актинвостите пред избори и можност за генерален штрајк ако не сопре подготовката за префрлање на административците во приватен сектор. Со оглед на тоа дека синдикатите се исклучени од овој процес, а тој ќе се спроведува од страна на шефовите преку анкетни листови, САДУ се сомнева дека се подготвува чистка во админитрацијата. Во писмото прашуваат дали баш заради тоа се распишани и толку огласи за нови вработувања пред избори.

Oд Министерствто одговараат дека во изминатата година се одржани повеќе работни средби со синдикатите, односно позитивно е одговрено на сите нивни барања за средба и слушнати се нивните барања и забелешки.

„Во повеќе наврати потенциравме дека Анкетните листови не се замена за спроведување на функционална анализа. Анкетниот лист е невозможно да биде пополнет, без институциите претходно да имаат спроведена анализа, согласно подготвената методологија! Функционалните анализи и Анкетните листови, не ги подготвува никој друг освен сите вработени во институциите. Ние не ги селектираме вработените по однос дали членуваат во некој синдикат или не, и ги вклучуваме сите подеднакво. Кого тие очекуваат да биде вклучен во подготовката, ако не сите вработени“, стои во одговорот во МИОА.

Претходно, министерството објави дека разработуваат пет сценарија за префрлање на администратвците во приватниот сектор. Првото е, приватниците да понудат пвисоки плати а придонесите да ги плати државата. Вториот е административците со отпремнина доброволно да е заминат. Третото сценарио е со преквалификација на дел од службениците за работа на приватно, четвртото е преквалификација за во рамнките на администрацијата за позиции кои се потребни и петто сценариое  јавно приватно партнерство – односно шалтерите да бидат дадени под концесија на приватни фирми.