Loading Video...
Фудбал
4. August 2020 - 18:33

Симов посакува да ги избегне Селтик и Црвена Звезда

 
 
Стручниот штаб на Силекс дефинитивно ги сложи сите коцки во мозаикот, во очи стартот на новото првенство и настапот во првото квалификациско коло на Лигата на Шампиони. 
 
Во таборот на кратовци владее одлична атмосфера, поткрепена со еден неверојатен статистички податок.
 
Имено, кратовци се непоразени на последните 22 меча, а серијата ја започнаа во октомври минатата година. Тоа значи високи амбиции и во новата сезона, во која Симов посакува повторно пласман на првите четири позиции. 
 
Во недела е ждребот за еврокуповите, а Симов ни откри каков противник посакува.
 
- Сите сакаат да им се исполни желбата, да добиеме за противник голем тим, од типот на Селтик, Црвена Звезда, Лудогорец, кои се извонредно квалитетни екипи. Јас лично посакувам да добиеме што полесен противник. Моја желба е да го добиеме Дандалк (Сев.Ирска) или Судува (Литванија) – истакна шефот на стручниот штаб на Силекс, Горан Симов.