Loading Video...
Фудбал
26. November 2022 - 17:34

Силекс со играч помалку поразен од лидерот Струга Т.Л.

Со натпреварот Силекс – Струга што се одигра попладнево о Кратово започна 16.коло во прволигашката конкуренција. Лидерот на првенствената табела, тимот на Струга Трим Лум славеше победа со 2:1 над  Силекс. 
 
Гостите рано го отворија резултатот. Во 10-минута по стартот над Бесарт Ибраими беше досуден пенал за кој во водство го претвори Ибраими за 1-0.
 
Во 22 минута Силекс остана со играч помалку. За стартот на Арсим Љамалари над противничкиот играч, главниот судија Александар Грујоски од Кичево, прво му покажа жолт, а веднаш потоа и црвен картон на домашниот фудбалер. 
 
Предноста од играч повеќе гостите од Струга ја искористија веќе три минути подоцна (25) кога Христијан Малески го постигна вториот гол.
 
Во вториот дел домаќините се обидуваа да ја анулираат негативата, па со со голот на Марјан Ристовски во 84.минута намалија на 1:2, но не успеаја докрај за се изборат барем за бод. 
 
Така со оваа победа Струга се зацврсти на врвот на табелата со 8 и 9 бодови повеќе од второ и трето пласираните Шкупи и Шкеднија, додека Силекс остана четврто пласиран со 23 бодови, два повеќе од Тиквеш. 
 
Преостанатите средби од оваа рунда на програмата се утре со почеток од 13 часот, а двојките се: 
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ПОБЕДА – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
 
Слободна во ова коло е екипата на Брегалница.