Loading Video...
Фудбал
7. April 2021 - 16:20

Силекс против Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија

Силекс е вториата екипа која обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот Купот на Македонија, во кое за трофејот ќе се бори со Академија Пандев
 
Во вториот полуфинален меч од Купот на Македонија, одигран попладнево во Струга, фудбалерите на Силекс со 1:0 ја совладаа екипата на Струга ТЛ и обезбедиjа место во големото финале. 
 
Стрелец на победничкиот гол за Кратовци беше Ристе Каракамишев во 81.минута кој одлично се снајде по уфрлањето на Ристов
 
Но. Силекс уште во првиот дел можеше да има предност од 1:0, и тоа по голот на Пепи Ѓоргиев во 25.минута, кој судиите не го признаа поради наводен офсајд иако повеќе од очигледно беше дека фудбалерот на Силекс беше во чиста, дозволена, ситуација.
 
Силекс во финалето закажано за 19 мај, за трофејот на Купот на Македонија ќе игра против екипата на Академија Пандев која вчера во првиот полуфинален меч ја победи Македонија ЃП  со 3:1.