Loading Video...
Фудбал
2. December 2020 - 17:53

Силекс подобар од Вардар

На фудбалските терени во нашата земја попладнево беа одиграни средбите од 14.коло во прволигашката конкуренција
 
Фудбалерите на Силекс забележаа минимална победа над Вардар со 1-0 нанесувајќи им го првиот пораз на црвено-црните по четири натпревари. 
 
До втората последователна победа Кратовци стигнаа со голот на Ристов во 52.минута, иако во 45-тата минута домаќините останаа со играч помалку откако Карчевски предвреме го заврши мечот. 
 
Со новите три бодови Силекс скокна две места на табелата и сега е на петата позиција, зад лидерот Шкендија кој славеше убедлива победа над Македонија ЃП, како и Шкупи кој беше подобар од Беласица, додека екипата на Струга ТЛ загуби во Велес од Борец. 
 
Комплетни резултати и табела по одиграните натпревари од 14.коло во ПМФЛ
 
СИЛЕКС -  ВАРДАР 1 – 0 
ШКЕНДИЈА -  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 5 – 0 
ШКУПИ -  БЕЛАСИЦА 3 – 1 
РАБОТНИЧКИ -  ПЕЛИСТЕР 1 – 0 
АК. ПАНДЕВ -  РЕНОВА 0 – 1 
БОРЕЦ -  СТРУГА Т.Л. 2 – 1 
 
 
ТАБЕЛА 
1 ШКЕНДИЈА 30 бодови 
2 ШКУПИ 28
3 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 26
4 БОРЕЦ 22
5 СИЛЕКС 20
6 СТРУГА ТЛ 20
7 ВАРДАР 19
8 РАБОТНИЧКИ 17
9 РЕНОВА 14
10 ПЕЛИСТЕР 12
11 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 10
12 БЕЛАСИЦА 9