Loading Video...
Фудбал
14. August 2020 - 19:11

Силекс и Пелистер одиграа ефекасен меч без победник 2-2

Со натпреварот Силекс – Пелистер кој заврши без победник 2-2 стартуваше три дневната програма во  Првата македонска фудбалска лига 
 
Дуелот во Кратово е воведниот од втората рунда во прволигашката конкуренција. 
 
Гостите од Битола поведоа први уште во 6.минута со голот на  Фазлиу.
 
Тоа дополнително ги мотивира Кратовци чија офанзивна игра резултираше со голот на Мустафов во 43.минута за израмнување на 1-1
 
Во вториот дел односно 53.минута, домаќините поведоа со 2-1 со голот на Ивановски, но во 73-тата Пелистер израмни на 2-2 со прекрасниот гол од слободен удар на Танушевски.  
 
Овој натпревар се одигра порано од вообичаеното поради обврските на македонскиот вицепрвак во Лигата на шампионите. 
 
Силекс во понеделник заминуваат за Азербејџан каде ден подоцна (во вторник) ќе го одиграат натпреварот против Карабах дуел од првата рунда во квалификациите за Лигата на шампионите. 
 
Потсетување дека ќе сезонава, поради пандемијата на Корона вирусот, УЕФА реши да се игра по еден наместо два натпревари. 
 
 
 
 
 
ФУДБАЛ - ПРВА ЛИГА    2.коло   (почеток на натпреварите 17 часот)
Петок   
СИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР 2 – 2 
Сабота   
РАБОТНИЧКИ - БЕЛАСИЦА
Недела 
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ВАРДАР
ШКЕНДИЈА - СТРУГА Т.Л.
БОРЕЦ - РЕНОВА
ШКУПИ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П