Loading Video...
Свет
3. јуни 2020 - 12:37

Шведска призна дека задоцниле со мерките за спречување на ширењето на Ковид-19

Главниот шведски епидемиолог Андреас Тегнел, призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на Ковид-19 во неговата земја. Во интервју за шведско радио тој се согласил дека во неговата земја умреле премногу луѓе.

Кога би се соочиле со истата болест сега, знаејќи точно што знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Од 38.500 заболени, починале над 4.400 лица. Нивните соседи, Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

По тримесечна блокада поради пандемијата, италија денеска го отвора регионалните грануици со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители во земјата. Од денеска, дозволени се пристигнувања и од шенген - зоната, без обврска за карантин. На ваквата мерка се противеа регионалните лидери од југот, каде се регистрирани помалку случаи на коронавирус во споредба со северот на земјата.

Кандидатот за претседател на САД од демократите Џозеф Бајден го обвини претседателот Трамп дека ја претворил земјата во бојно поле и вети дека ќе стори Се за да ги залечи расистичките рани доколку победи на изборите закажани за ноември.

Протестите поради убиството на Џорџ Флојд продолжија 8 ноќ по ред. Во судирите со демонстрантите ранети беа петмина полицајци, а уапсени се илјадници демонстранти ширум земјата. Во над 10 големи градови во САД е воведен полициски час, а американската војска распоредила околу 1600 војници во базите во близина на Вашингтон, за одбрана на Белата Куќа.