Штипскиот Совет на млади ќе додели парична награда за талентирани средношколци
Советот на млади на Општина Штип донесе одлука на тројца ученици од регионалното електромашинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“ да им додели еднократни награди од по 6.000 денари од општинскиот буџет.
Кире Јорданов од Советот на млади на Општина Штип изјави дека до 23 ноември сите заинтересирани средношколци од ова училиште, кои имаат завршено четврта година во учебната 2014/2015, треба уредно да ја достават потребната документација која ќе биде разгледана од соодветна комисија.
- Завршените средношколци од ова училиште треба да ги достават потребните документи до училиштето. Треба да имаат постигнато одличен успех во текот на четирите години, да ги приложат наградите кои ги имаат добиено на државно и на меѓународно ниво, да достават сертификати што ги имаат, кратка биографија, по што комисијата согалсно со правилникот ќе одлучи на кои ќе им биде доделена оваа награда, рече Јорданов.
Тој истакна дека тројцата талентирани завршени средношколци наградата од Советот на млади на Општина Штип ќе ја добијат до крајот на годината, а за наредната година за паричната награда ќе можат да конкурираат завршените средношколци од штипската гимназија СОУ „Славчо Стојменски“.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен