Македонија
22. March 2017 - 16:37

Штипјани верни на традицијата за Младенци

Штипјани го празнуваат „четерсе“, обичај кој прв се најде на репрезентативната листа на УНЕСКО како заштитено светско нематеријално културно наследство. Вековната традиција налага на денот Младенци или Св. Четириесе маченици, секоја година жителите од градот, но и бројни гости од земјава и странство да се искачат на утврдениот рид Исар. Интересно е што оваа обредна пракса и понатаму опстојува во својата оригинална форма и ја практикуваат од најмлади до најстари.

- Во чест на четерсе, ако успеам со моето внуче да се качам до горе ќе фрлам 40 каменчиња во Брегалница- изјави постара жителка на градот

 По пат и на самиот врв се прават низа обредни дејствија поврзани со бројот 40.

- Со 39 души се поздравив, а 40-тиот го бакнав. Се качив на врвот на Исарот и фрлив 39 каменчиња. 40-тото вечерва ќе го ставам под перница. Вечерта треба да го сонуваме тој што го сакаме.- изјави девојче

На враќање се зема причест во црквата „Св. 40 маченици“.

- Ние старите одиме за здравје и да запалеме свеќа за здравје, за среќа за дечиња, за внучиња- изјава штипјанка

Жителите на „Исарското маало“ подготвуваат богата трпеза и пречекуваат гости. Се приготвуваат 40 тиганици, а некои си посакуваат здравје, среќа и бериќет испивајќи и по 40 чашки ракија или вино.