Македонија
4. February 2023 - 16:36

Штипјани му оддадоа почит на Гоце Делчев во неговото училиште во Ново Село

Со полагање на букети цвеќиња пред спомен-рељефот на великанот на македонската револуционерна борба и во присуство на голем број граѓани, одбележана 151 годишнината од раѓањето на Делчев. Во ова училиште, во штипско Ново Село, Гоце учителствувал две години, од 1894-тата до 1896-тата година. Овде се запознава со Даме Груев и започнуваат да ја раководат македонската револуционерна организација.

  • Револуционерно дејствувале и ја ширеле организационата мрежа во околните градови, токму од ова место, од истото тло каде што денес ние стоиме, свесен дека робската мисла може да ја храни само робската душа, а никако слободоумниот народ- изјави Соња Николова-ЛС-Штип.

  • Живееме во околности кога од многу страни не негираат, асимилираат, затоа борбата, но овој пат со пенкало, на маса, со умни и разумни политики мора да продолжи за да го зачуваме она што ни е оставено како аманет- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Многу Македонци се бореле и го положиле животот на олтарот на татковината, но Делчев е идеологот и апостолот на македонската револуционерна мисла и основоположник на она што денес го живееме.