Македонија
31. March 2020 - 17:18

Штипјанец казнет со 5.000 евра за прекршување на самоизолацијата

Штипското основно јавно обвинителство бара да биде изречена максимална казна од 5.000 евра на штипјанец кој jа прекршил домашната изолација. Од обвинителството е поднсен предлог до Основниот суд за издавање казнен налог за сторено кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32 годишник не постапил според решението што му било издадено и на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со тоа свесно довел во опасност свои сограѓани кои би можеле да бидат заразени со Ковид-19.

Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, односно вкупна парична казна од 5.000 евра. Обвинитеслтвото ги охрабрува граѓаните, наместо да шпекулираат, доколку имаат сознанија дека некои лица не се придржуваат кон самоизолација и домашна изолација да пријават на 192.