Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Македонија во НАТО
Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести.
-Добредојдовте во семејството на НАТО, порача амбасадата до македонското МНР и до Македонија синоќа во соопштение на Твитер.
Стејт департментот сега треба да ги извести сојузниците дека сите земји членки на воената Алијанса ги депонирале ратификациите во Канцеларијата за меѓународни спогодби. Откако ќе добие писмо од генералниот секретар Јенс Столтенберг, тоа треба да го стори и Македонија, по што нашата земја и официјални ќе стане 30. земја членка на НАТО.
Во меѓународното право, САД се јавуваат во својство на депо каде се депонираат и чуваат оригиналите на сите меѓународни договори.
Во архивите на Канцеларијата за меѓународни спогодби при Стејт департментот, на пример, депонирани се оригиналните текстови на Повелбата на Обединетите Нации или Статутот за Меѓународната агенција за атомска енергија. Меѓу овие значајни историски документи за првпат ќе се најде и документ за независна Македонија, ратификацијата за членство на земјата во НАТО.
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава