Ракомет
20. January 2023 - 18:59

Шпанија прва обезбеди четвртфинален на Мундијалот

Репрезентацијата на Шпанија е првиот четвртфиналист откако попладнево во Краков ја совлада Словенија (31:26) во натпревар од 2.коло од групата 1 што се игра во Краков. Шпанија натпреварот го реши во вториот откако по првите 30 минути беше нерешено 15:15.
 
Словенија последен пат водеше со 19:18 на почетокот на вториот дел, а потоа Шпанија со серија од 6-1 дојде до водство од 24:20 кое го зачува до крајот на дуелот.
 
Најефикасен на дуелот беше Јуре Доленец со 9 голови, додека голманот на Словенија и член на битолски Еурофарм Пелистер имаше 11 одбрани најголем број во првиот дел.
 
Шпанија е прва на табелата со 8 бодови, пред Франција со 6, а следува Словенија со 4, Црна Гора има 2, а Полска и Иран се без бодови.
 
Во дуелот во Гетеборг Португалија убедливо ја совлада селекцијата на Зеленортската република со 35:23 (14:12). Во оваа група се играат и дуелите, Бразил – Унгарија (во тек) и Исланд –  Шведска (од 20:30 часот).

Табела: 

1. Шведска 6  бодови  
2. Португалија 5   (+1)
3. Исланд 4
4. Бразил 3
5. Унгарија 2