Шпанија ја засили безбедноста на јавните и дипломатските згради по бранот на писма и пакети - бомби
Шпанија ја засили безбедноста на јавните и дипломатските згради по бранот на писма и пакети - бомби.
Утрово експлозивна направа скриена во пакет стигнала во база на шпанското воено воздухопловство во Торехон де Ардоз во близина на Мадрид, а вчера писма со бомби добија украинската амбасада во Мардид и фирма на северот на земјата, која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев.
Шпанската полиција откри дека пред една недела писмо бомба адресирано до премиерот Санчез било откриено од страна на службите за обезбедување и неутрализирано. Пратката и според содржината и според изгледот била слична со онаа упатена до украинската амбасада.
Инаку Шпанија е меѓу подджувачите на Украина од самиот почеток на руската инвазија, посебно со испораки на оружје.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар