Loading Video...
Ракомет
26. January 2020 - 18:52

Шпанија ја одбрани европската титула

Репрезентацијата на Шпанија е победник на 14-тото Европско првенство за ракометари, што за прв пат се одржуваше во три земји
 
Во големото финале по голема борба и многу пресврти Шпанија ја победи Хрватска со 22-20. 
 
Иако Шпанците имаа и четири голови предност Хрватите успеаја да ги надополнат но и да поведат. Во завршната минута, Карачиќ беше трагичар кај „коцкестите“ па откако при нападот за израмнување направи чекори, на спротивната страна Душебаев ја запечати судбината на Хрватите. 
 
Шпанците со тоа успеаја да ја одбранат титулата која пред две години ја освоија токму во Хрватска и по Шведска да станат само втората селекција која направила таков подвиг. 
 
Хрватите и по третото финале остануваат без европската титула. 
 
Потсекување дека вчера во дуелот за бронзениот медал Норвешка убедливо со 28:20 ја победи Словенија. 
 
Македонската репрезентација на ова првенство не се прослави, напротив, настапот го заврши уште по првата рунда со два порази од Чешка и Австрија и минималната победа над Украина доволно на крајот да биде рангирана на 15-тото место што преставува и најлош пласман на нашата селекција на европските шампионати.