Свет
24. March 2018 - 14:11

ШОК! Сите мислеа дека премиерот има кокаин во џебот, а потоа тој им откри што е белото пакетче

Мистериозната бела хартиена кесичка која му падна од џебот на новиот словачки премиер Петер Пелегрини на конференцијата за новинари наведе многумина Словаци да нагаѓаат дека тој во џебот носел кокаин, но сензацијата се прекина вечерта, кога тој покажа што е всушност пакетчето.

На социјалните мрежи се прошири инсерт од снимката од една конференција за новинари одржана оваа седмица на која Пелегрини го вади телефонот, а од џебот му паѓа таинстено бело пакетче, што го забележува и потпретседателот на парламентот Бела Бугар кој седи покрај него, а и самиот премиер брзо го враќа во џебот.

Словаците на Твитер и Фејсбук, а со нив и новинарите, бидејќи премиерот бил недостапен на самитот во Брисел, ја анализирале белата кесичка со непозната материја и главно шпекулирала дека е во неа кокаин или друга дрога.

Премиерот, меѓутоа веднаш во авионот по враќањето од самитот во Брисел сними видео порака и на загржените Словаци кои мислеле дека сега наместо Роберт Фицо добиле наркоман на чело на владата, им покажа неколку такви бели кесички и отвори една покажувајчи дека во неа има обична чепкалка за заби.

-Ова навистина е чепкалка која ќе ја добиете во било кој ресторан. Морам да ви признам дека во животот не сум видел ниту едно писменце со кокаин, дали сте виделе вие, ги праша Пелегрини Словаците.