Фудбал
13. July 2021 - 18:24

Шкеднија брка негатива на гостувањето кај Мура

Македонскиот првак Шкеднија вечерва во Мурска Субота и гостува на екипата на Мура во реванш дуелот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. 

Тетовци на гостувањето во Словенија заминаа со негатива од 1-0 по првиот меч во Скопје. 
 
Вечерашниот меч меѓу Мура и Шкандија започнува од 20 часот. 
 
Во четворток трите наши преставници во новоформираната УЕФА Конференциска лига, екипите на Силекс, Струга ТЛ и Шкипи ќе ги играат реванш дуелите од првото квалифиокациско коло.