Македонија
15. December 2017 - 16:35

Шилегов ги повика граѓаните на помош

Граѓаните кои имаат идеја како да се реши загадувањето да дојдат во понеделник од 12 до 14 да ги споделат со градоначалникот Шилегов. Од вчера постапено е во два случаи кои се пријавени на бесплатниот број 193  за палење оган на отворено. Се интервенирало на опожарена столарска работилнициа во село Шишево и контејнер на Кеј 13 ноември.

ЈП Дрисла ги демантираше обвинувањата дека  има удел во загадувањето на градот. Оттаму ги соопштија резултатите од мерењата на штетни честички кои ги прави факултетот ФИНКИ што го покажуваат спротивното. Во периодот од 11 до 21 ноември количеството на ПМ 10 честичките се движи од 40 до 60мг на м3 а нормално е до 50.

Се уште не се знае дали и оваа година ќе бидат прскани улиците со калциум магнезиум ацетат. Шилегов побарал од МВР да најде модалитет за редуцирање на градскиот сообраќај. Беше прашан дали тој користи алтернативен превоз кога доаѓа на работа.

Од колегите во другите општини побарал да спроведат засилени контроли на градилиштата.  Забрана за градење се уште нема. Општина Карпош ги прекинува своите градежни активности а  градоначалникот Богоев повика на совеста на приватните инвеститори да размислат да го сторат истото.

Инаку загадувањето и денеска е екстремно високо . Од 300 до 500 мг на м3 се измерни во Лисиче, Ректорат, Гази Баба,Центар и Карпош. Побаравме одговор и од МОН за иницијативата за бојкотирање на настава на која неколку илјади родители веќе се приклучија. Од МОН велат ги следат препораките на надлежните.

- Ќе размислиме и за порано отпочнување на распустот. Ситуацијата од ден на ден може да варира. Ја следиме ситуацијата доколку се утврди потребата ќе се разгледа и таа можност, но изгубените часови  ќе треба да се одработат во текот на второто полугодие.

Оваа иницијатива од градоначалникот Шилегов  беше оценета како политички мотивирана.