Македонија
19. January 2020 - 16:41

Шекеринска очекува следната недела да почне ратификацијата на протоколот за НАТО во Шпанија

Македонија чекор поблиску до НАТО. Владата очекува Шпанија следната недела да ја почне ратификацијата на протоколот за членство на земјава  во Алијансата откако успеа да формира влада. Министерката за одбрана посочи дека во прашање се недели кога ќе заврши процедура. Очекува силна поддршка од страна на шпанските институции.

Македоската влада е подготвена овој собрнаиски состав да даде зелено светло за влез на земјата во НАТО. Од друга страна пак, ако Шпанија не го ратификува протоколот за три недели, ратификацијата во македонскот  собрание ќе има одложено дејствие.Тоа значи дека  ќе биде депонирана во Вашингтон откако шпанскиот парламент ке даде зелено светло за македонското членство во Алијансата.  Дури откако двата докмунети ке влезат во Стејт Департментот,  Македонија и официјално ке стане полноправна членка.

Процедурата за влез во НАТО започна минатата година, кога Грција прва ја крена рампата, а со тоа и на сила влезе Преспанскиот Договор.