Шефот на Лион повторно изрази незадоволство од прекинувањето на Лига 1
Претседателот на Олимпик Лион го повика судот да ја разгледа и поништи одлуката за завршување на сезоната порано во Франција. Жан-Мишел Ола ја нарече „апсурдна“ одлуката да се стави крај на првенството во Лига 1.
Раководството на Лион го однесе случајот во окружниот суд во обид да ги натера фудбалските власти во земјата да наредат доигрување на преостанатите десет кола во сезоната.
– Апсурдно е Лигата да заврши на овој начин додека другите земји ја завршуваат сезоната. Германија веќе го игра своето првенство и Шпанија ќе започне следната недела. Лигата ја донесе таа одлука, но може да ја откаже. Јас сум шокиран што дискутираме дали да играме фудбал или не, категоричен е Ола пред француските медиуми.
Тој е на мислење дека се уште може да има плеј-оф во сезоната 2019-2020.
– Можеме да тренираме три или четири недели и да го завршиме шампионатот до средината на август. Лион ќе ги продолжи своите активности на 8 јуни и ќе ги следи сите здравствени протоколи одобрени од надлежните, рече претседателот на Олимпик Лион.
Одлуката за суспендирање на Лига 1 е донесена на 30 април, а Пари Сен Жермен повторно стана шампион во Франција. Првенството беше присилно прекинато кон средината на март поради пандемијата „Ковид-19“.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци