Loading Video...
Кошарка
12. May 2022 - 10:51

Шампионот Милвоки поведе со 3-2 против Бостон, Мемфис останува во игра во дуелот со Голден Стејт

Екипите на Милвоки и Мемфис славеа победи во дуелите против Бостон и Голден Стејт, во петите натпревари од полуфиналната серија по конференци во НБА плејофот. 
 
Супер неизвесен беше дуелот во Бостон каде гостите од Милвоки славеа со 110-107. Клуниот момент на мешот беше блокатата на Холидеј над Смарт на седум секунди пред крајот. Холидеј средбата ја заврши со 24 поени, додека Антетокуомпо постигна 40 за актуелниот шампион кој сега води со 3-2 во победи, а следниот меч ќе го игра на домашен терен. 
 
Мамфис пак без својот најдобар играч Морант, кој не настапи поради повреда, го декласира Голден Стејт со убедливи 134-95, со што „Гризлите“ ја намалија предноста на „Воините“ на 2-3 во победи во серијата подобар до четири. 
 
Нова шанса за место во финалето на Западната конференција тимот на Голден Стејт ќе има веќе по два дена и тоа пред домашната публика. 
 
Ноќеска на програмата се шестите дуелите меѓу Филаделфија и Мајами, односно Далас и Феникс, во кои гостинските екипи ќе влезат со предност од 3-2 во победи, па со евентуален триумф ќе изборат конференциско финале.