Македонија
21. March 2023 - 19:55

Шаќири вети исполнување на барањата на матурантите, за студентите потребни се законски измени

Се што е согласно законот, а го побарале матурантите, ќе биде прифатено. Дали ќе се скрати материјалот или ќе биде променет само соодносот на поените, ќе се знае до крајот на оваа недела. Министерот разговарал со директорката на ДИЦ на кој начин може да им се помогне на средношколците кои во петокот на протест побараа кратење на материјалот за државна матура.

За барањето на студентите за зголемување  на износот за студентски оброк, ќе бидат потребни законски измени.

Шаќири соопшти дека Бирото за развој почнало постапка за ангажирање на  фирма која ќе ги печати свидетелствата и очекува оваа година да не доцнат. Постапката за учебниците за трето и шесто одделение е во тек и тие ќе бидат поделени  годинава.