Loading Video...
Фудбал
4. May 2021 - 15:41

Севилја го губи чекорот со конкурентите за шампионската титула

Со голот на Ињаки Вилијамс постигнат во последните мигови од натпреварот, екипата на Атлетик Билбао ја победи Севилја на гостински терен во последниот меч од 34.коло на шпанската Ла Лига. 
 
Овој пораз го оддалечи андалузискиот тим од трката за шампионската титула, па откако конкурентите Атлетико и Реал Мадрид како и Барселона забележаа победи во оваа рунда, сега Севилја е повторно на шест бода зад лидерот Атлетико, односно има четири помалку од Реал и Барселона кои се на втората и третата позиција. 
 
До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште четири кола, а веќе во наредното многу работи можат да бидат и појасни имајќи во предвид дека за во сабота на „Камп Ноу“ закажан е дуелот меѓу Барселона и Атлетико, а ден подоцна во недела во Мадрид, кај Реал ќе гостува Севилја.