-->
-->
Северна Кореја соопшти дека тестирала проектили за самоодбрана од воените закани на САД
-->
Властите во Северна Кореја соопштија дека ракетните тестови се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и региони. Северна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел над Јапонија во вторникот.
„Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД“, јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.
Ракетните тестови „не претставуваа никаква закана и не предизвикаа штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и региони“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев