Loading Video...
Кошарка
8. January 2021 - 15:51

Сет Кари позитивен на Ковид-19, цел тим на Филаделфија оди во изолација!

Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари е позитивни на Корона вирусот. 
 
Како што објави ЕСПН, од речиси 500-тината направени тестови четири лица биле позитивни. 
 
Еден од нив е играчот на Филаделфија, кој не настапи на синоќешниот меч против Бруклин, наводно поради повреда. Но, наводно во тимот веќе имале информација дека Кари е позитивен, па сега целиот тим ќе мора во изолација, до спроведувањето на новите тестирања, а утрешниот дуел на „76-ките“ против Денвер е доведен под прашање. 
 
Од НБА лигата очекуваат повеќе заразени во средината на овој јануари, поради празниците и средби на кошаркарите со семејствата, но како што најавуваа комесарот Адам Силвер, барем засега не се планирани прекин на натпреварите.