Loading Video...
Фудбал
24. January 2021 - 20:08

Серија А: Победи на Јуве и Џенова

Фудбалерите на Јувентус не се откажуваат од Скудетото  и одбраната на шампионскиот трофеј ја продолжија со победа од 2-0 против Болоња со што се искачија на 4.место на табелата. 

Бразилецот Артуро го постигна својот дебитантски погодок за Старата дама и го отвори резултатот во 15-тата минута додека победата ја потврди Вестон Мекени кон средината на вториот дел. 

Со овие три бода Јувентус скокна на 4. Позиција со 7 бодови помалку од Милан кој има натпревар повеќе. 

Значајна победа попладнево оствари тимот на Џенова на нашиот капитен Горан Пандев совладувајќи го Каљари минимално со 1-0. 

Единствениот погодок за домашните го постигна Дестро уште во 10-тата минута  по што стрелцот на голот беше заменет во 62. Минута а на неговото место влезе токму Пандев. 

Џенова сега има 18 бода и е четири поени над опасната зона.