Македонија
20. November 2019 - 18:23

Села и Тимоние разговараа за „Нон Пејперот„ и ставот на Франција кон земјата

Денес во просториите на Амбасадата на Франција, амбасадорот Кристијан Тимоние го угости на официјален ручек лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, каде разговараа за ставот на Франција кон Северна Македонија и Албанија во однос на нивниот пат кон ЕУ и „Нон Пејперот„ на Франција за политиките за проширување на ЕУ.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одблиску го информираше амбасадорот Тимоние за ставовите на неговата партијата и напорите што Алијансата за Албанците продолжува да ги прави за да ја подигне земјата на потребното ниво за членство во ЕУ.

Лидерот на партијата, г. Зијадин Села истакна дека владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, безбедноста и слободата на изразување се многу важни области во нашата држава.

На средбата г. Села истакна дека реформите кои ни се потребни како држава, а кои мора да ги оствариме, се на корист на граѓаните, стабилноста во земјата и просперитетот, притоа нагласувајќи неколку пати дека Албанија и Северна Македонија не треба да бидат одделени од преговарачкиот процес, и дека треба да бидат заедно на овој пат до крај.