Македонија
28. May 2022 - 16:30

Секое трето дете има проблем со развојот на говор

Голем процент од децата во предшколска возраст имаат артикулаторни проблеми, односно, неправилен изговор на гласови, а присутни и се други развојни нарушувања. Оваа појава во еврпски рамки е уште пораширена.

-Проблемите со говорот на децата се, верувајте, страшни. Во моментот, 50% од децата во средна Европа имаат проблеми со говорот, изјави Кире Барбаарев, Факултет за образовни науки - УГД.

-Присутни се и другите развојни нарушувања, дислекција, проблеми со читањето, дискалкуле, проблеми во математички совладувања и операции, дисграфија, проблеми со пишувањето. Сето тоа се теми и полиња на работа на логопедот. Сега и две годишниот период со Ковид, го зголеми процентот на дечиња со пелтечење. Многу родители се јавуваа кај мене за консултации, едноставно стресот си го прави своето, изјави Елена Ташова, логопед.

Ташова смета дека главен причинител за успорен говорен развој е користењето на мобилни телефони и други електронски апарати уште од најмала возраст. Затоа останува живиот говор или говорот на родителот со детето да биде најважен фактор за правилен развој.

-Родителите во секојдневните напори, посебно оние родители каде што веќе постои и е детектиран успорен говорен развој, во заедничките активности, да поттикнат говор, изјави Ташова.

Во насока на превенција беше промовирана книга со песни Практикум, кои овозможуваат развој на вербалната меморија, подобрување на концентрацијата и аудитивното внимане, автоматизација на оштетените гласови, а кај повозрасните деца, подобрување на граматичката структура.