Loading Video...
Фудбал
21. April 2021 - 13:44

Секое чудо за три дена, толку траеше фудбалска Суперлига

Поговорката „Секое чудо за три дена“ може слободно да ја искористиме во случајот на фудбалската Суперига.
 
Имено толку траеше обидот на богатите шпански, англиски и италојански тимови, да формираат свое натпреварување, пандан на уефината Лига на шампоини. 
 
Откако во понеделникот се обелодени дека 12 екипи од споменатите земји веќе ги привршувале деталите за новата Супер лига, следуваше очекуваната реакцијата на УЕФА и ФИФА, но и националните фудбалски федерации. 
 
Но. Најголемиот притисок го направија фановите, особено англиските, кои со низа протести, успеаја во целост да ги предомислат богатите сопственици на клубовите.
 
Епилогот се јавните извинувања и откажувања од таквата намера првенствено на шетте англиски екипи, Манчестер Сити и Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем. 
Долго не чекаа и дел од италијанските тимови, па денеска Милан и Интер, како и шпанскиот Атлетико Мадрид денеска официјално се повлекоа. 
 
Барселона, се чини одигра мудро, откако новиот претседател Лапорта, најави дека на референдум навивачите треба да решат за тоа.
 
Така најголеми губитници останаа Реал Мадрид и Јувентус чии предводници Флорентино Перез и Андреа Ањели, денеска и официјално го признаа поразот, иако Перез сеуште потајно гаи надеж. 
 
„Проектот ќе продолжи кога за тоа ќе се создадат услови, наша задача е да им го понудиме најдоброто на фановите и да ги подобриме финансиите, не само за нас, туку и на целото фудбалско семејство“ е дел од пораката која преку соопштението од Супер лигата, ја упати Шпанецот. 
 
Дали ваквата победа на УЕФА како домицилна федерација на европскиот фудбал, ќе биде и евентуален поттик за фуѓето во Европската кошаркарска федерација (ФИБА-Европа), па и тие по истиот урнек да се обидат да го обединат клупскиот евро-баскет, останува да се види.