Ракомет
13. November 2019 - 10:00

СЕХА лига: Вардар домаќин на Мотор во дербито од А групата

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го пречекаат украинскиот Мотор Запорожје во дерби дуелот од А групата на СЕХА лигата. 

Овој натпревар за актуелниот шампион во СЕХА, Вардар доаѓа во исклучително тежок период, односно двата помеќу дуелит со Киелце во Лигата на шампионите, но и период во кој неколкумина стандардни првотимци се рековалесценти. 
 
Во пресрет на вечерашниот меч, двете екипи имаат по 15 бода по 6 одиграни натпревари и се во трка за првата позиција, која носи директен пласман во четвртфиналната рунда. 
 
За вардарци ова ќе биде и добра можност да му се реваншираат на украинскиот тим за поразот во прват меѓусебна пресметка во која Мотор славеше со минимални 32:31, откако  Чупиќ на истекот на мечот не реализира пенал. 
 
Дуелот со Мотор кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 20 часот и 15 минути, ќе биде и добар трес пред саботниот натпревар во Киелце во Лигата на шампионите.