Седум загинати и 32 повредени лица во две големи сообраќајни несреќи на автопат во Јужна Кореја
Најмалку седум лица загинаа, а други 32 се повредени во две големи сообраќајни незгоди во Јужна Кореја, јави денеска јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални лица.
Германската агенција ДПА информира дека првата несреќа се случила рано утринава кога 10-на возила, вклучувајќи и товарни камиони, се судриле на автопат кај Јеончеон, во провинцијата Северен Гуeнсганг, на околу 300 километри јужно од Сеул.
Според агенцијата, во несреќата учествувале уште околу 20 други возила што возеле зад нив. Во карамболот загинале шест лица, а 14 се повредени.
Втората несреќа случила речиси истовремено, но на спротивната страна од автопатот, во која учествувале околу 20 возила, соопштија надлежните. Во неа едно лице загина, а 18 се повредени, наведува полицијата, пренесува ДПА.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден