Македонија
21. јуни 2021 - 9:41

Седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седницата на Комисијата за финансирање и Буџет.

Членовите на оваа комисија треба да го разгледаат и Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, исто така, по скратена постапка, во второ читање.

На дневен ред на оваа седница е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, во второ читање, а е поднесен од група пратеници.