Македонија
19. јуни 2021 - 16:41

Се знае ли содржината на новиот владин предлог до Софија?

Нема и нема да има преговори за македонскиот јазик во преговорите со Софија и тоа го знаат сите вклучени во процесот. Ова е одговорот на македонската Влада откако вчера бугарски медими објавија дека премиерот Заев при посетата во Софија на техничкиот премиер Јанев му понудил опција за  јазичниот спор „ дека Бугарите и Македонците истовремено говорат на ист јазик, но и на различни, кои меѓународни се признати како посебни“.

Од кабиентот на Заев сепак, трет ден молчат за тоа што навистина содржи предлогот на премиерот за решение на спорот меѓу Скопје и Софија.  Од таму велат дека посетата е позитивен чекот, а протугалскиот предлог добра основа за конечно решение кое ќе ги задоволи двете страни.

„Владата е убедена дека решението е можно, а за да се обезбеди истото се вложуваат безрезервни напори бидејќи граѓаните очекуваат и бараат европска иднина за нашата земја. Истовремено, јасни се македонските позиции за идентитетските линии, а тоа е дека нема и нема да има преговори за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик и тоа го знаат и го разбираат сите вклучени во процесот. Јасно и категорично ги отфрламе како неточни и штетни информациите објавени во дел од медиумите во кои се спомнуваат некакви формулации за решенија. Таквите дезинформации имаат намера да му наштетат на процесот“, одговараат од Владата за содржината на предлогот.

Официјално објава на предлогот нема ни од бугарската влада иако Јанев најави дека веднаш ќе ги разгледа новите идеи на македонската страна.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека нит Заев нит од Владата директно се оградиле од предлозите за јазикот објавени во бугарските медиуми.

„Има две клучни прашања: Зошто Заев директно не се огради од тоа дека понудил решение  коешто подразбира дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, онака како што пишуваат бугарските медиуми, и второ: Зоран Заев јавно да каже што точно предложил како решение пред бугарската страна?...Укажуваме дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација како што пишува во бугарските медиуми, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати и ќе го напушти договорот.

Од СДСМ пак, возвраќаат дека опозицијата манипулира, а власта транспарентно го води процесот.

„Од ВМРО-ДПМНЕ лажат и дека институциите молчат. Владата предводена од СДСМ соопшти дека за време на вчерашните средби е направен позитивен исчекор, се унапреди меѓусебната доверба и дијалог и истовремено ги демантираше написите на одредени медиуми за наводно прифатени формулации за постигнати решенија“, коментираат од владејачката партија.

Во меѓувреме продолжуваат провокациите во Бугарија во предизборната кампања.

Слични коментари објави и европратеникот Џамбаски пренесувајки видео спот за претстојните избори во кои се тврди дека Македонија е бугарска.