Македонија
29. September 2016 - 8:51

Се враќа летото - Еве какво време не очекува викендов?

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Без промени времето ќе биде до недела, односно сончево со свежи утра и со благо покачување на дневната температура, а од недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.