Свет
25. May 2016 - 14:41

Се урна кејот, 20 автомобили завршија во вода

Делот од кејот покрај реката Арно во Фиренца се урна кај мостот Понте Векио, пренесуваат тамошните медиуми.

Немало жртви, но причинета е голема материјална штета.

Се урнал дел од ѕиданиот брег кој е долг 200 метри и широк 7 метри. Инаку тој се простира од познатиот мост кој потекнува од 14 век до Понте дел Грацие.

Дваесетина автомобили кои биле овде паркирани, се оштетени во незгодата, а некои дури и завршиле во водата.

Пожарникарските служби тврдат дека причина за несреќата е пукната водоводна цевка.