Македонија
6. July 2020 - 16:35

Се урива диво изграден хотел на Охридското крајбрежје

Се руши хотелот Грин Спејс лоциран на самиот брег на езерото непосредно до стариот пат Охрид - Струга. Со полициска придружба и присуство на инспектори се отстранува дел од објектот за кој сопственикот нема соодветна дозвола за градба. И покрај најавите од негова страна во месец септември дека самоиницијативно ќе го преземе уривањето од сето тоа сеуште ништо. Денеска повторно се најде на тапет на општинските екипи. Градоначалникот Георгиески вели дека станува збор за околу 15-тина објекти кои треба да се отстранат на самото крајбрежје.

Министерот за транспорт Сугарески потенцира дека нема селективност во отстранувањето на дивоградбите и најави дека законот како за Охрид важи и за Струга.

Од локалната најавија дека градот се ослободува од спорните градби кои го узурпираат крајбрежјето по препораките на Унеско се со цел охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја.