Loading Video...
Свет
30. March 2023 - 12:19

Се судрија два американски воени хеликоптери

Два американски воени хеликоптера се урнаа по судир во воздух за време на рутинска мисија за обука во округот Триг во американската сојузна држава Кентаки. 

Првите неофицијални извештаи говорат дека е можно во несреќата да се загинати девет лица. 

Инцидентот се случил синоќа во близина на воздухопловната база Форт Кембел.

Портпаролот на базата соопшти дека во тек е истрага и најави повеќе информации во текот на денот.