Македонија
26. јуни 2022 - 17:09

Се степале на градскиот плоштад во Тетово, приведени четворица

На 25.06.2022 во 18.20 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово приведени се Р.Ј.(59), С.Ј.(30), М.Ф.(51) и А.Ф.(29), сите од с.Мала Речица, тетовско, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на градскиот плоштад во Тетово, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.