Loading Video...
Свет
1. October 2022 - 16:33

Се шири фронтот на земји кои не ги признаваат референдумите и анексијата од Русија на украинските региони

Турција се приклучи на листата земји кои одбиваат да ја признаат руската анексија на 4 украински региони. 

Оваа одлука, која претставува сериозно кршење на воспоставените принципи на меѓународното право, не може да се прифати. Ја повторуваме нашата поддршка за решавање на оваа војна, чија сериозност продолжува да расте, заснована на праведен мир што ќе се постигне преку преговори, се вели во соопштението на турското министерство за надворешни работи.

За припојувањето на 15 проценти од украинската територија кон Русија се дебатирираше и на состанокот на Советот за безбедност на ОН на кој Москва употреби вето и спречи усвојување на американаската резолуција со која се осудува руската анкесија на Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон и референдумите врз освова на кои беше извршена анексијата. За документот гласаа 10 земји а четири држави во највискоот тело на ОН беа воздржани  Кина, Индија, Бразил и Габун.

- Обединетите нации беа изградени на идејата дека никогаш повеќе нема да и се дозволи на една земја да заземе друга територија со сила. Тој пат, се согласивме, води до најстрашните исходи во историјата. Обидите за анексија на Русија се без сенка на сомнеж, токму тоа.

 - Принудени сме да забележиме дека некои од нашите колеги во Советот достигнаа ново ниско ниво. Нарушени се и оние неколку траги на пристојност што ни се чинеше дека останаа во оваа сала. Не знам други примери каде што Советот за безбедност некогаш би усвоил резолуции со кои директно се осудува еден од членовите на советот.

 А украинските власти порачаа дека ништо не се менува со потезите на Путин. Ја продолжуваат контраофанзивата за повторно заземање на територијата што е нападната. Во фокусот е клучниот град Лиман во Доњецк.

„1 Октомври. Ние го развиоруваме нашето државно знаме и го утврдуваме на нашата земја. Лиман ќе биде Украина“.

 Зеленски тврди дека повеќе од 5000  руски војнции се целосно опколени во Лиман, кој со месеци служел за како логистички и транспортен центар за руските операции во сверениот дел на Доњецк.

Во меѓувреме Меѓународната агенција за атомска енергија побара објаснување од Русија по украинските тврдења дека руската армија го привела шефот на нуклерната централа Запорожје. Атомската централа е под руска контрола а  Москва досега јавно не даде коментар дали навистина е приведен Игор Мурашов.