Бизнис
5. February 2016 - 19:54

Се реализираат низа мерки за младите

Купи куќа  за млади , бесплатен јавен превоз за сите  редовни студенти од сите држвани универзитети-  мерка која  почна да се користи  од почетокот на годинава, а која досега ја имаат искористено над 12 . 500 студенти. Бесплатна средношколска среда  ,  кога за младите се обезбедени бесплатни билети за посета на кина театри, музеи, жичарницата на Водно.   Ова се само  дел од  мерките за млади  кои држвата пред два месеци ги вети, а веќе се реазлираат и стануваат реалност. 

-Направени се и сите подготвителни активности за мерката со која се обезбедува бесплатно наградно патување за најдобрите студенти на трите најдобро рангирани универзитети и се очекува веќе во мај-јуни да отпатува првата група студенти и тоа за Барселона, париз, Венеција, рече претседатело на ВРМО ДПМНЕ Никола Груевски

Ќе се рекоснстурираат библиотеките ,  во повеќе градови во земјава ќе се градат читални, фитнес центри, 150 баскет игралишта. На почетотко на следната година студентите во домовите ќе добијат  перални и сушални.   До крајот на месецов ќе биде објавен и оглас за млади до 29 години за посртување на беслатни компјутерски вештини и странски јазици.

-Веќе се прават неопходните подготовки за стартување на проектот за бесплатен железнички викенд кој ќе започне да се применува согласно планираното од наредниот месец. Со ова младите до 27 години ќе имаат можност за добивање на бесплатен повратен билет кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај, секоја прва и трета недела од месецот, појасни Груевски.

За сите овие  прокти  е разработен детален план кои  ќе го спроведат надлежните институции. Според Груевски  инвестирањето во младите е инвестирање во идиниана на една земја.