Македонија
15. October 2021 - 14:01

Се преврте автобус во Битола – повредени 5 лица

Автобус кој превезувал вработени од фабриката „Кромберг и Шуберт“, утрово во 6:30 часот се преврте во непосредна близина на фабриката која се наоѓа во индустриската зона Жабени. Несреќата се случила откако автобусот излегол од фабриката и тргнал кон Битола. Од СВР Битола информираат дека кај нив е пријавен настанот, а нивна екипа извршила увид. Во несреќата повредени се пет лица, возачот и четири патници. Од Клиничка болница во Битола информираат дека сите се со лесни повреди и се надвор од животна опасност. Сите лица биле амбулантски прегледани и никој не е хоспитализиран, сите се пуштени дома. 

Засега не е познато која е причината заради која се превртел автобусот.