Џет-Сет
6. April 2017 - 16:01

Се огласи и Вељко по повод пукањето и тепачката на паркингот – Еве што навистина се случило

Иако сведоците и еден од уапсените тврдеа дека Вељко Ражнатовиќ учествуваа во тепачката во Лакташим, која се случила во понеделникот околу 20 часот, на едне паркинг, синот на познатата пејачка Светлана Ражнатовиќ на сослушувањето во полиција го бранеше дека нема никаква врска со пукањето.

Тој дури тврдеше дека на местото на пресметката стигнал кога се завршило, и тоа со цел да му помогне на другарот, пренесува Српски Телеграф.

Синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан и Цеца, за кого полицијата трагала 24 часа, се појави во полициската станица во придружба на адвокат.

Босанските медиуми пренесуваа дека освен него на сослушувањето се појави и Витомир Глисиќ, за кого се сомнева дека бил еден од актерите на масовната тепачка.

„Вељко Ражнатовиќ негираше дека учествувал во пресметката, но не и дека се наоѓал на лице место. Имено, тој изјави дека таа ноќ, со автомобилот стигнал на местото на пресметката за да го извлече другарот“, наведуваат босанските медиуми.

За тоа веќе 24 часа не се произнесе полицијата, бранејќи се дека за тоа време од Бањалука отишол во Белград, па се вратил во Бањакука, кога дознал дека полицијата трага по него, и се јавил во станицата.

Foto: Telegraf

„Вељко како што пренесуваат медиумите, во неделата бил на гласање, за што сведочат и фотките на кои е заедно со мајка му Светлана и сестрата Анастасија. Ако е за верување на неговите зборови, тој следниот ден отишол во Бањалука за да по таа ноќ, по тепачката се врати во Белград, а ден подоцна повторно во градот на Република Српска, каде студира“, изјави соговорникот на овој весник.

Вељко е пуштен на слобода, а од Центарот за јавна безбедност на Бањалука соопштено е дека заедно со четворица момци се сомничи за насилничко однесување.

Полицијата го уапси и сослуша П.З. (29) А.З. (28) Д.Л. (22) и Б.Л. (22), а требало да биде сослушување за уште две лица.

Така се утврдува дека имало уште актери во тепачката, како што наводно била и закажана. Се претпоставува дека биле користени и безбол палки, а некои од присутните пукале и во воздух. Во таа прилика повредени се две лица.